СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишен охриѓанец и акционерско друштво од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење”.

Во текот на 2016, 2017 и 2018 година на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори, без одобрение за градба, спротивно на решението на овластен градежен инспектор од општина Охрид од 14.12.2016 година, продолжиле со изведување на градежни активности- изградба на настрешница на метални столбови со дрвена покривна конструкција и бетонирање на земјишната површина.

OhridNews