Охриѓанецот Даниел Новиќ победник е на јубилејното десетто издание на Вигор бармен купот кој се одржа изминативе два во Куба Либре.

Новиќ, инаку вработен во „Су Хотел“, во финалето победи со коктелот „Руби Буби“ кој се состои од водка, шток крем, сируп од бело чокалодо, сируп од карамела и сок од црна рибизла.

Второпласиран заврши Васил Пеевски со коктелот Кики, додека третото му припадна на Саше Мирчески (Егзотик М). За стручна работа награда доби Златко Стојанов, додека за најатрактивен коктел беше прогласен коктелот на Марио Синадовски.

Вкупниот награден фонд на Вигор бармен купот кој ги собра најдобрите од нашата земја изнесуваше 1000 евра.

OhridNews