Охриѓанката Теодора Митреска од охридскиот клуб „Мастер“ се закити со златен медал и пехар за најдобра јуниорка на Европскиот таеквондо куп „9 КИНГ ОФ ТАЕКВОН-ДО” кој изминатиов викенд се одржа во Солун, Грција.
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (ИТФ), под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, учествуваше со тројца натпреварувачи од Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, Таеквон-до клубот „Мастер” Охрид и Таеквон-до клубот „Сонкал” Мислешево-Струга. Христијана Парулеска поради повреда од која сеуште закрепнува, настапи како тренер поради нејзиното искуство.
За жал поради повреди, настинки и школски обврски отидовме во мал број, а ова ни е прв пат да одиме на натпревар во Грција, иако нашите натпреварувачи истрошени, претходно учествувајќи на три силни натпревари, дадоа се од себе и не израдуваа со златен медал и пехар за најдбора јуниорка 16-17 години. Херој на овај натпревар излезе Теодора Митреска од охридскиот клуб „Мастер“ освојувајќи златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари, изјави претседателот на М.Т.Т.Ф. Марјанчо Лазаревски кој не пропушта прилика да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Агенција за млади и спорт.
На Европскиот куп во Солун, Грција, додава Лазаревски, каде учествуваа натпреварувачи од Аргентина, Естонија, Украина, Чешка, Шпанија, Италија, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, БиХ, Србија, Македонија, Грција, Шведска, Финска, Обединето Кралство, отишле да учествуваат при тоа неочекувајќи успех.
Со само тројца натпреварувачи бевме да бидеме видени како Федерација и за добрососедски односи, не очекувајќи некаков успех, знаејќи дека пристрасноста на судиите ќе биде против нас, со оглед на големината на натпреварот во конкуренција на 1510 натпреварувачи, ние бевме тотални аутсајдери. Но, секогаш одиме спремни по секоја цена да дадеме се од нас, погазувајќи го мотото “битно е да учествуваш”. Ние како Федерација секогаш одиме со цел да постигнеме резултат, што е премногу тешко на вакви врвни натпревари, посебно каде што беа репрезентациите на едни од најјаките земји во светов. Нашите натпреварувачи како и секогаш дадоа се од себе, повторно радувајќи не со неколку победи, но за жал Давид Крстески го повреди коленото и мораше да го прекине натпреварувањето, а Владимир Димитриевиќ во првиот круг убедливо го победи домашниот претставник, додека во вториот кру падна со светски шампион и заслужено загуби, потенцира Лазаревски.
OhridNews