Охрид летово е исполнет со гости, но и со бројни настани и концерти на кои настапуваат познати музички имиња од естрадата од земјава и регионот. Тие пред настап специјално се подготвуваат, а неодминлив дел од подготовките е шминката на што без исклучок, дамите од музичката сцена обраќаат големо внимание. Дел од нив довербата за убавиот изглед и ја даваат на познатата охридска мејкап артистка Мери Бајрамовска.
Неодамна кај неа беше нашата Тамара Тодевска, а деновиве намина и пејачката од соседството Теа Таировиќ. Мери се погрижи и за изгледот на Каролин, Викторија и бројни други познати имиња од балканската естрада.
Охриѓанката Мери Бајрамовска ги разубавува естрадните уметнички од регионот
OhridNews