Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад се одржа 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на брзата помош кој без одмор со часови пренесуваше жртви од трагедијата во која повредени се близу 200 лица.

OhridNews

Фото: А.Момироска