Во февруари оваа година по повод 123 години од раѓањето на Корнелиус Боб Спелстра познат под псевдонимот А. Ден Долард беше посетен неговиот роден крај и неговиот дом.

Овој писател се смета за еден од главните фактори зошто Македонија е омилена дестинација за холандските туристи. Со книгата „Свадбата на седумте цигани” тој ја опишува нашата држава како место на светот кое не смеете да го пропуштите да го посетите со својата богата историја и културно наследство, велат од од КИЦ „Култура 365“.

Во Охрид во моментов е најголемата колекција во светот и воедно целосна библиографија на сите книги од писателот во музејот кој се  наоѓа во рамки на КИЦ „Култура 365“.

Соработката која започна пред неколку години продолжува и ден денес и со тоа се зацврстува алката на ова прекрасно пријателство, вели Крсте Пурцов кој е сопственик на музејот во Охрид.

Од КИЦ „Култура 365“ информираат дека сите заинтересирани кои сакаат да го посетат музејот во Охрид може да закажат и организираат посета, додека во текот на летната сезона истиот ќе биде отворен секој ден за посетители.

Најавуваат наскоро повеќе информации за претстојната сезона како и сите новости за културниот центар и музејот.

OhridNews