Oхриѓани уште еднаш ја покажаа и докажаа својата хуманост. Во голем број, сплотени во хуманоста вчера ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ за да помогнат во лекувањето на 22-годишниот наш сограѓанин Петар.

На вчерашниот хуманитарен настан се собраа 65.547 денари кои ќе бидат наменети за потребната хируршка интервенција на младиот Петар, во Турција. На Петар му посакуваме успешно лекување, велат од Црвен крст Охрид.

На настанот прекрасни изведби имаа нашите стенд ап комичари Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски, Јован Цветкоски и Никола Тодороски, а за богатиот, беспрекорен музички настап се погрижија ВИС „Биљана“, Урбан Планет фт Ана и Камелеон.

Од Црвен крст Охрид упатуваат голема благодарност до сите хумани луѓе кои го подржаа хуманитарниот настан.

OhridNews