Нашите сограѓани охриѓани се мобилизираат за Петар на кого сме му потребни. Петар има 22 години и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Хируршката интервенција не може да се изведе во Македонија, поради што мора да се оперира во Турција.
Интервенцијата чини околу 50 илјади евра и затоа потребно е да бидеме сите хумани и да му помогнеме на Петар. За таа цел Црвен крст Охрид во соработка со нашите хумани естрадни ѕвезди и стендап комичари, организира хуманитарен настан кој ќе се реализира денес во 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, вели претседателот на Црвне крст Охрид, Сашо Точков.
На настанот, додава, ќе биде изведено стенд ап шоу заедно со Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски, а предвиден е и музички настап на Камелеон, ВИС „Билјана” и Urban Planet ft. Ana.
Овие наши ѕвезди и сограѓани ќе бидат дел од овој настан и ќе ги забавуваат охриѓани се со цел да се соберат доволно финансиски средства за да можеме да му помогнеме на Петар. Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани да бидат хумани и да дојдат да бидат дел од овој хуманитарен настан, вели Точков.
Потенцира дека картите по цена од 200 денари може да се набават во Црвен крст Охрид (08:00 – 16:00), во охридските кафулиња каде се продаваат од страна на волонтерите, но и на влезот од НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, денес.
Н.С.Ј.