Охриѓаните Димитар Пејчиновски и Коста Трифуноски го освоија првото место во конкуренција на парови на државното првенство во текбал во Скопје, што се одржа во организација на Текбал асоцијацијата на Македонија.

Натпреварите од државното првенство во текбал се играа во салата „Јане Сандански“.

Во 2 конкуренции, сингл и дублови, Димитар Пејчиноски го освои првото место во поединечна конкуренција, додека Коста Трифуноски го освои третото место.

Во конкуренција на парови Пејчиновски и Трифуноски го освоија првото место.

Наградите ги додели претседателот на асоцијацијата Марио Ѓорѓиев.

Г.М.