Македонската едриличарска репрезентација денеска отпатува за Изола, Република Словенија, каде од 5 до 12 април ќе се одржи младинско Европско првенство во класата ИЛКА 4.
На првенството ќе настапат вкупно 365 едриличари и едриличарки од 33 земји.
Нашата репрезентација ќе учествува со 5 репрезентативки (Андреа Кавај, Илина Гаџовска, Софија Ставрева, Јана Неданоска и Евгенија Ставрева) од клубовите Снегар од Струга и Акватика Јахтинг од Охрид. Со нив отпатуваа и членовите на натпреваривачката комисија при ЕФМ, Стефан Ставрев и Драган Ќелешовски.
Деновите до почетокот на официјалните трки ќе бидат исполнети со тренинзи со меѓународни тренери.
Г.М.