Се е подготвено за третото издание на гастрономскиот настан „Вкусете го Охрид – локално“, што ќе се одржи вечерва на плоштадот кај „Долна Порта“ во организација на „Слоу фуд Охрид“.
Посетителите ќе може да вкусат различни специјалитети кои се дел од охридската гастрономска приказна и да се запознаат со бројни локални производи. Храната и пијалаците се подготвени, дел од нив синоќа беа изложени во промотивни цели, a се одржа и слоу фуд регата, што предизвика внимание кај охриѓани и гостите кои вечерва ќе имаат уникатна можност да вкусат автентични охридски специјалитети, вина и друга храна.
„Слоу Фуд Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ кој е поддржан од Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“, почнува во 19:00 часот.
Г.М.
Фото: А. Момироска