Охриѓани и многубројните гости во добро расположение и одлична музика ја дочекаа Новата 2025 година.
По традиција највесело беше на Градскиот плоштад кој вечерва беше полн со расположени луѓе кои уживаа во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
Забавата продолжува длабоко во ноѓта во охридските кафулиња, ресторани, клубови и дискотеки.
На 1-ви јануари, пак, на градскиот плоштад од 13 часот ќе настапат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Г.М.