Традиционално втора година по ред, по повод Светскиот ден на планината, во организација на ЗП Великамен, се реализира планинарска тура с. Велестово – Елен Врв – Планинарски дом Троуглеш.

И покрај промената на временската прогноза од сончево, облачно и на крај снежно време, на акцијата присуствуваа околу 90 планинари и љубители на планината, деца и возрасни, од Охрид, Струга, Вевчани, Битола, Прилеп и Скопје.

Во планинарскиот дом Троуглеш, се послужуваше топол чај и освежителни пијалоци, вкусен планинарски грав и домашно лепче подготвено од „Тераса Утарна“, а учесниците имаа можност да вкусат и македонски традиционални специјалитети подготвени од „Пирустија Неданоски“.

Настанот беше подржан од Група планинари Охрид, Вет Спирит ветеринарни амбуланти, Витек софтвер компанија, Виа Фарм аптеки, Самоилова ракија.