Угледната светска дигитална платформа „121Clkick” посветена на уметноста во јунскиот тематски циклус на фотографии насловени како „Патувачки приказни“ меѓу голем дел на автори од светот го застапува и охриѓанецот Стојан Савески.

Од значајните туристички локации ширум светот Охрид е застапен со мотив од езерското крајбрежје, преку неповторливите креации што Бог му го дал на ова поднебје, и кои за жал повеќе се ценети во интернационални отколку во домашни рамки.

Победничките слики од предизвикот „Патувачки приказни“ што го организираше платформата „121Clkick” се оценети како епски приказни за магичните места ширум светот, а што е од посебно значење за авторот Стојан Савески.

OhridNews