Сезоната на настани и настапи на познати естрадни имиња во Охрид полека започнува. Како загревање за претстојната главна сезона, клубовите во Охрид организираат настапи на музичари од земјава и регионот, а за стајлингот на дел од нив, се грижи охриѓанецот Секи Ракиповски од фризерскиот салон „Индиго“.

Неодамна тој ја разубавуваше познатата српска пејачка Тања Савиќ, пред настапот во Охрид, а се погрижи и за стајлингот на пејачот Нучи, кој исто така имаше настап во градот под Самуиловите тврдини.

Секи Ракиповски има учествувано на бројни натпревари со забележителни резултати, а редовно ги следи модните трендови и го надградува знаењето на семинари и едукативни работилници.

OhridNews