Тане Србиноски, љубител и одгледувач на расни птици од Охрид стана Меѓународен судија за изглед на птици на 5. Европска изложба на балкански видови на гулаби што се одржа неодамна во Тешањ, Босна и Херцеговина, во рамки на која се одржа и 14 државна изложба на ситни животни, со што Здружението за одледување и заштита на ситни животни од Тешањ, организатор на настанот, одбележа 25 години постоење.
На манифестацијата се одржа и полагање за судии. Ги приложив неопходните сертификати и на изложбата станав прв меѓународен судија од Македонија. Со тоа се стекнав со право да судам на големи меѓународни натпревари. – посочи Србиноски.
Србиноски е претседател на клубот на Македонски автохтони раси на гулаби со седиште во Охрид и член на здружението „Дијамантски петел“ Тетово. Тој учествуваше на изложбата и во својство на натпреварувач заедно со уште двајца македонски претставници Јовица Атанасоски и Слободан Илиевски, во класата на автохтони раси на гулаби како што македонската м’срка познатата и како ружан на овие простори.
На изложбата учествувавме со 20 птици, со традиционалниот македоснки дунек вртач, познат на стариот континент и меѓународно сертифициран од Европскиот сојуз. Помеѓу 2200 гулаби, македонскиот ружан на клубот од Охрид стана шампион на државното првенство на кое признанија понесоа и останатите македонски претставници, додека на Европската изложба добивме Европски шампион. – истакна Србиноски.
На меѓународната изложба на птици во Тешањ, клубот од Охрид имаше свој штанд на кој освен македонските автохтони видови гулаби со соодветен промотивен материјал беше претставен и градот Охрид.
Г.М.