На 18.11.2023 во 23.00 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 43-годишен охриѓанец.
Тој бил затекнат во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки со уште две лица, а при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.
OhridNews