Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се две лица од Охрид на возраст од 32 и 21 година. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews