Изминатиот викенд во Смедерево, соседна Србија, започна да функционира новоформираниот боксерски проект OPEN BALKAN BOXING CUP на кој учество зедоа клубовите со своите најдобри боксери од Србија, Црна Гора, Македонија Босна и Херцеговина и Албанија. Предвидено е лигата да содржи десет кола кои ќе се одржуваат секој месец на различна локација во соседните земји, како и во Македонија.

Охридските боксери од клубот „Алексо Огненовски” како дел од овој проект зедоа учество на првото коло со двајца свои натпреварувачи и тоа Петар Трајчески и Димитар Ѓорески. И двајцата беа поразени со поделена судиска одлука од 4 спрема 1 од своите противници од Србија. Петар загуби од Павле Поповиќ од екипата на „Вукови са Дрине“, додека Димитар беше поразен од Дарис Ејуповиќ од екипата на „Нови Пазар“.

Следното коло на програмата е на 6 и 7 октомври во Куманово каде охриѓани ќе настапат со повеќе свои натпреварувачи.

Во недостиг на поголем број на натпревари ова е одлична прилика за боксерите да се стекнат со потребното искуство за постигнување на високи резултати, затоа боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ макотрпно ќе се подготвува и ќе настојува што помасовно да настапува на овие натпревари истакна тренерот Владимир Цекиќ.

Истите ќе бидат емитувани во живо на српскиот спортски канал Arena Fight.

OhridNews