Спортските риболовци од клубот „Урбан карп“ (Urban carp) – Охрид, го освоија првото место на државниот натпревар – дициплина Крап, што се одржа изминатиот викенд на езерото Мавровица, во рамки на Првата риболовна лига на Македонија.
На натпреварот од првото коло, кој се бодува за пласман на Светско првенство, охриѓани уловија 37 крапа во вкупна тежина од 151 530 грама. Втори беа Мастери, а трети ЦО2.
Пласман на Светско првенство ќе обезбедат најдобрите три екипи, додека четврто и петто пласираната екипа ќе изборат учество на Балканското првенство. Конечниот пласман ќе биде одреден по комплетирање на предвидените три кола.
Г.М.