Симболично титулата Академик на проф. д-р Љупчо Кеверески му беше врачена на пригодна свеченост што се одржа на 18 мај во Српската Академија за Образование на Универзитетот во Белград – Учителски Факултет – Белград, за неговиот стручен придонес во областа на психологијата.
Академик Проф. д-р Љупчо Кеверески високо образование стекнал на Филозофскиот факултет во Скопје на отсекот за психологија. Има две магистратури, една на Институтот за социолошко политичко правни истражувања, а другата на Филозофскиот факултет во Белград. Во 2004 година докторирал на Универзитетот во Нови Сад на Филозофскиот факултет со научен труд за последиците од прерано воведување во образовниот процес на надарените ученици.
Во 2010 година е избран и ангажиран како меѓународен експерт за рецензирање на научно истражувачки проекти преставено од Министерството за просвета и Владата на Р. Србија. Како професор работел на ФОН Универзитетот-Скопје,Факултетот за применета психологија во Белград, а во 2012 година со одлука на Министерот за образвание и наука е назначен за член на експертскиот тим за стандардизација на мерните инструменти за идентификација на видот и степенот на надареноста кај надарените и талентираните ученици. Истата година е избран за член во Одборот за акредитација и евалуација од Универзитетот Св Климент Охридски-Битола, Педагошки факултет-Битола. Во 2017 година со одлукана Сенатот е избран за Редовен професор на Универзитетот Ново Место, Р. Словенија
Кевероски е рецензент во Националното тело за акредитација и обезбедување на квалитет во високот образование на Р. Србија. Член е во комисијата за полагање на стручен испит на Психолошката комора.
Автор е на повеќе книги од областа на психологијата, меѓу кои: „Како да ги препознаеме надарените и талентираните ученици”, „Светот на надарените и талентираните“, „Патот на талентите“, „Применети психолошки дисциплини“, „Каков наставник им треба на надарените и талентираните“, „Патот на успехот на македонските менаџери“ и други.
Г.М.