Деветтоодделенецот Лео Нелоски од ОУ „Григор Прличев“ продолжува да нижи успеси, овојпат освојувајќи прво место и златен медал на Меѓународниот натпревар на научно технички достигнувања и иноваторство на југоисточна Европа кој се одржа во Босна и Херцеговина.
Лео учествуваше во областа на физиката на тема: Хидраулика и нејзината примена.
Учениците кои постигнуваат високи резултати во наставните и воннаставните активности се за почит и гордост!, велат од ОУ „Григор Прличев“.
На натпреварот учевствуваа 450 ученици од основните училишта од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Инаку, Лео беше прогласен и за државен првак на Македонија по учеството на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада, а добитник е и на стипендија од Гете Институот. Беше прогласен и за надежен млад иноватор на 43-та „Макинова 2022“. Заедно со неговиот соученик Иво Георгиески го освоија и третото место на Првата Национална Олимпијада за Вселената.
Извонредниот талент на Лео ги потврдуваат и постигнатите континуирани успеси во областа на музиката, биологијата, народна техника…
Н.С.Ј.