Инцидентот се случил вчера во 16,35 часот. Во СВР Охрид било пријавено дека, во куќа сопственост на лице од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

Притоа 58-годишен жител на Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти СВР Охрид.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото  на настанот извршиле полициски екипи.

Исто така вчера, во 19,20 часот, во патничко возило „Застава“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 55-годишен охриѓанец, паркирано на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, избувнал пожар.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира СВР Охрид.

Г.М.