Од болницата каде што се грижат за здравјето на српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ стигнуваат охрабрувачки вести во борбата со леукемијата. Тренерот на Болоња, денеска, повторно се појавил во болница за втората хемотерапија откако првата ги надминала очекуваните резултати.
- Здраствената состојба е многу добра. Тестовите направени после првата терапија се задоволителни. Сега на ред е втората хемотерапија и очекуваме уште подобри резултати. – изјавија од болницата.
Михајловиќ со првата хемотерапија заврши на 28 август а во меѓувреме ја водеше екипата на Болоња во дуелите со Верона и Спал. Србинот, викендов што следува нема да биде на клупата од Болоња во средбата со Бреша но ќе го гледа тимот пред малите екрани.
OhridNews
Синиша Михајловиќ апсолутен победник на стартот од Серија А