Заразените од Ковид -19 рапидно расте во Европа, но позитивни и охрабрувачки вести доаѓаат од кинескиот град Вухан, каде прв пат се појави опасниот коронавирус. Ситуацијата во градот се стабилизира, а фудбалскиот клуб ги продолжи тренинзите.
- Речиси два месеци бевме изолирани дома. Кога почна епидемијата, бев во паника, сите беа исплашени, се грижевме за здравјето на нашите семејства и не знаевме дали и ние ќе се заразиме. Сега состојбата се нормализира, луѓето се враќаат на работа, па и ние почнавме со тренинзи. – изјави еден од тренерите во екипата.
Никој од играчите на Вухан не се зарази од вирусот од кој починаа 3, 300 луѓе во Кина. Сеуште има одредени мерки во Кина и екипата не тренира заедно, туку е поделена во две групи.
OhridNews