Во период од 24 до 30 април, Центарот за јавно здравје Охрид, кој ги покрива општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, направил 76 тестирања на присуство на COVID-19. Во општина Охрид и Дебрца земени биле брисеви од 31 лице, во општина Струга и Вевчани од 42 лица и од 3 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно земените материјали, 64 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 20, Струга и Вевчани 41, Дебар и Центар Жупа 3), а 12 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 11, Струга и Вевчани 1). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид и Дебрца не е лабораториски дијагностицирано присуство на COVID-19 кај ниту едно лице, 11 лица од општина Струга се позитивни на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19. Само едно лице позитивно на COVID-19 од Струга е хоспитализирано. На домашно лекување се 8 пациенти од општина Струга и 1 од општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од општина Охрид се 5, а од општина Струга се 30. Нема починати пациенти во ниту една општина во дадениот период. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.

Под 14-дневен здравствен надзор ставени се 96 лица од општина Струга и Вевчани и 4 лица од општина Дебар и Центар Жупа. До денес лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 131 лице од кои 15 во општина Охрид и Дебрца, 66 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

До денес оздравени пациенти од Охрид се 6, од Струга се 25, а од Дебар и Центар Жупа се 44 пациенти. Од почетокот на епидемијата со денес нема починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 12, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица. – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

Центарот за јавно здравје апелира на сериозно почитување на мерките и препораките од надлежните установи и употреба на заштитни средства, посочивајќи дека опасноста од не е надмината.

OhridNews