Повеќе од 4.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија врз таа земја на 24 февруари, иако реалната бројка е веројатно многу поголема, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦР).
Според податоците на ОХЦР, која има десетици набљудувачи во Украина, загинале вкупно 4.031 цивил, меѓу кои и речиси 200 деца.
Повеќето се убиени од оружје со голем дострел, како што се тешки артилериски гранати или при воздушни напади.
OhridNews