Огромно засилување на ГРК Охрид за следната сезона. Хрватот Рудолф Ѕвонимир Сафранко потпиша 2 годишен договор со гладијаторите и ќе го носи дресот со број 22.
23 годишниот хрватски репрезентативец (196cm, 99kg) игра на позиција лев бек. Доаѓа од тимот на Цирих (Швајцарија) со просек од 6.1 голови по натпревар, информираат од ГРК Охрид.
Хрватот ја започнува својата кариера за РК Загреб, потоа настапувал за екипата на Умаг, Добова (Словенија) пред да замине во тимот од Швајцарија. Има над 20 настапи за сите младински категории на Хрватската репрезентација.
OhridNews