Огромно засилување за ГРК Охрид! Живан Пешиќ нов ракометар на “Гладијаторите”. 30-годишниот српски пивот доаѓа во Охрид по многу успешни сезони минати во великаните Веспрем, Адемар Леон, Нексе, Цеље и Војводина.
Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се надевам дека заедно во иднина ќе ги оствариме краткорочните и долгорочни цели на клубот. Исто така, како играч ми претставува задоволство што ќе имам можност да работам со тренер со такво искуство и значење за ракометот во Македонија како што е Стевче Алушовски. Моја лична цел е да му помогнам на клубот да оствари подобри резултати во однос на претходната сезона, изјави Пешиќ.
OhridNews