Ова вселенско тело со дијаметар од 400 метри, именувано како 2005 YU 55 најблиску, до земјата се наоѓаше во 00.28 часот по средноевропско време . Астероидот беше во орбитата на Месечината, околу 322 илјади километри над Земјата и според научниците не претставувал никаква закана за земјата.
Оваа појава ја следеа илјадници професионални и астрономи аматери.
Овој астериод се наоѓа во орбитата веќе илјадници години и таа во редовни интервали го приближува на Земјата, Марс или Венера, а се движи со брзина од околу 30 илјади километри на час.
„Беше лесно да се најде. Се движи поинаку од другите ѕвезди. Изгледа како огромен камен кол плута низ Вселената“, изјави за Reuters, Роналд Дантоновиц, од опсерваторијата во Бруклин, Масачусетс,
Компјутерските симулации на неговото движење во следните сто години покажаа дека во посочениот период нема никакви шанси тој да удри во Земјата или во Месечината.
извор: „Макфакс“