Колин Верл од Молина, Илиноис, за време на своето ловење риби во Ајова фотографирал несекојдневен момент, кога огромна змија зграбила и почнала да јаде сом, пренесуваат американските медиуми. Фотографијата настанала на 23 мај оваа година на приватно езеро ја југоистокот на сојузната држава Ајова.
Верл раскажал дека ја видел змијата како плива во езерото и забележал дека нешто држи во устата. Помислил дека во прашање е глушец, па го поместил чамецот како би видел подобро. Кога виде дека држи сом не можел да поверува. Тој вели дека направил околу 140 фотографии пред змијата да исчезне во грмушките со својот плен. Експертите потврдиле дека во прашање е неотровна, северна водна змија.