Еден кинез од провинцијата Хунан фотографирал како стоноголка долга 20 сантиметри лови и јаде гуштер. Огромната стоногалка го нападнала гуштерот и му вбризгала отров, кој го парализирал во рок од една до две минути. Набрзо гуштерот поцрнел, по што стоногалката го изела.


Тие се грабливци кои имаат способност за прилагодување кон достапниот плен, односно не го бираат својот лов. Некои од стоногалките, како овие, можат да бидат неугодни поради нивниот отров, но досега не бил забележан фатален случај за луѓето. Нешто почуствителни на тие каснувања се малите деца или лицата со алергија на убод од пчела.