Огромна санта мраз, тешка илјада милијарди тони се одвоила од Антартикот, соопштија денеска британски научници. Одвојувањето се случило меѓу понеделникот, 10 јули и среда, 12 јули, кога парче мраз со големина од 5.800 квадратни километри се откачило од ледениот гребен Ларсен Ц, соопштија научниците од универзитетот Свонси, а пренесоа француските медиуми.Според веста објавена во “Телеграф”,отцепената ледена планина според површината е четирипати поголема од Лондон, главниот град на Англија.

Истражувачката екипа на Универзитетот „Свонси“ истакна дека сателитот „Аљуа“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) направил видеоснимка од отцепувањето на ледената планина со големина од 5.800 квадратни километри, која подолг период е предмет на набљудување.Со тоа намалена е големината на ледената платформа Ларцен Ц за 12 отсто.

Професорот Адријан Лакман од Универзитетот „Свонси“ изјави: „Подолг период го очекувавме отцепувањето на оваа ледена планина. Ќе продолжиме да ја следиме. Досега, ова е една од најголемите ледени планини што се отцепиле од основата на Антарктикот“.

Се верува дека глобалното затоплување го забрзало овој процес.

OhridNews
Макфакс