Со резултат од 611.9 во квалификациите и пласман на втората позиција, Анастасија Мојсовска успеа да обезбеди влез во финалето во кое учество земаат само најдобрите осум стрелци во квалификациите и каде сите стрелци почнуваат од нула.
Во финалето вистински бум. Ова е прво финале на кое што воопшто учествува Анастасија, но премногу сигурно, со голема концентрација, сталоженост и добра техника успеа максимално да го издржи товарот, па со резултат од 240,9 кругови Анастасија го освои првото место и се закити со златен медал во категоријата на јуниорки. Интересен е фактот што првопласираната во квалификации, во финалето испадна веднаш по првата елиминација, па се пласира дури на седмата позиција.
Во категорија пак на помлади јуниорки, со резултат од 381 кругови, далеку послаб од нејзините можности, Јована Милевска се пласира на втората позиција. (во оваа категорија не се пукаше финале) освојувајќи го сребрениот медал. Во истата категорија на петтата позиција се пласира Марија Ангеловска, додека Марија Ванѓеловска заврши како седмоласирана.
На Бојан Спасеновски му недостасуваа 0.1 кругови за пласман на третата позиција во категорија помлади јуниори, па заврши како четвртопласиран, со резултат од 373,4 круга. На петтата позиција во истата категорија се пласира Кристијан Џепароски, а деветтопласиран заврши Никола Спироски.
OhridNews