Членовите на едно семејство во Стокхолм не можеле да им поверуваат на своите очи кога во својата кујна виделе огромен стаорец. Приказната за стаорецот неодамна стигнала на насловните страници во Шведска. дури и семејната мачка одбивала да влезе во кујната поради стаорецот кој бил долг 40 сантиметри, не сметајќи го опашот. Го убиле истребувачи на штетни животни со помош на голема стапица.
Глодаров влегол низ цевката за вентилација и го изгризал својот пат низ цименто и дрво до кујната, каде се хранел со остатоците од храната на семејството, рекол Ерик Корсас, таткото на семејството. Инцидентот се случил пред три седмици, а семејството по направените неколку фотографии, престанало да мисли на тоа. Меѓутоа, сепак одлучиле да прашаат еден шведски сајт дали е заинтересиран за приказната, и тој сајт ја објавил. После тоа веста доспеала во голем број весници и наскоро станала една од најделените вести на социјалните мрежи.