Десетгодишно девојче од Филипините настрадало кога огромен крокодил го нападнал чамецот во кој тоа се превезувало преку езерото. Крокодилот долг седум метри го нападнал чамецот и му ја одгризал главата на девојчето, а нејзината другарка успеала да се спаси.
Обезглавеното тело на девојчето е пронајдено три дена подоцна во езерото Михаби на Филипините. Блиското училиште и домовите се евакуирани.
Крокодилите, од кои некои се поголеми и од автобус, живеат во езерото, но нападите на луѓе се многу ретки.