Повеќе од 18.000 луѓе се пријавиле на интернет за да можат во живо да го гледаат раѓањето на слонче во белгиска зоолошка градина. Кога слоницата Пао Пао ќе добие породилни болки, сите 18.000 корисници кои се пријавиле, ќе добијат известување по пат на СМС-порака или електорнска пошта.
Азиските слонови се загрозен вид, а во заробеништво се раѓаат само мал број, или речиси 3 во годината во сите зоолошки градини во светот.
Градоначалникот на Антерпен ветил дека ќе го запише слончето, чие азиско име ќе започне со буквата К, во службената книга на родени.