Британската кралица Елизабета Втора на 12 мај ќе наполни 90 години, а на списокот уметници кои ќе ги забавуваат присутните се наоѓаат Кајли Миног, Џес Глин и оперската пејачка Кетрин Џенкинс. Прославата на роденденот на кралицата ќе трае четири дена во Виндзорската палата, викенд резиденцијата на кралицата оддалечена 40 километри од Лондон. Соул пејачката Беверли Најт, актерот Мартин Клус и зведата на серијата „Волф Хол“ исто така ќе го надополнат забавниот дел на прославата.

 

Прославата ќе раскаже приказна за животот на кралицата, од нејзиното раѓање во 1926 година, преку крунисувањето во 1953 година и 60 години од владеењето. Гостите ќе ги забавуваат и пејачот Џејмс Блант, звездата на Војна на ѕвездите Џон Боега, актерот Џон Картер и многу други. Организирани се поворки со повеќе од 900 коњи, со учество на повеќе од 1500 уметници.