Еден жител на Франција извел три кражби користејќи такси како превоз. Тој за еден месец ограбил банка, пошта и еден супермаркет. При секоја кражба зема некој од вработените како заложник, а вкупниот плен при кражбите се проценува на неколку илјади евра.


Според локалните медиуми, крадецот кога одел во акција користел такси. Од возилото излегувал на стотина метри од местото на грабежот и од возачот секогаш барал да го причека. Носел лажна пушка која ја криел под облеката. Пред извесно време бил уапсен и го очекува судење.