Шпанската полиција соопштила дека е уапсен осомничениот за вооружени грабежи на десет аптеки од кои ги земал единствено парите и сите залихи на вијагра. Во соопштението се наведува дека првиот ваков грабеж бил пријавен во јануари.


Властите се сомневаат дека уапсениот таблетите ги продавал на црно. Вијаграта во комбинација со Екстази е многу популарна во ноќните клубови која уште е позната и како Секстази. Производителите на овој лек предупредуваат дека не смее да се користи без совет од лекар.