Еден грабеж на златара во Русија се темели на дејството на книгата за авантурите на Шерлок Холмс, изјавиле од локалната полиција. Велат дека крадците и платиле на една жена во Санкт Петерсбург да остане недвор од својот стан, додека низ нејзиниот ѕид крадците упаднале во златарата. Алармот се огласил два пати, но чуварите мислеле дека е лажна тревога бидејќи вратите и прозорците цело време биле затворени. Крадците успеале да побегнат со вредниот плен.
Руската полиција сеуште го истражува случајот. Во книгата на Артур Конан Дојл, криминалците му плаќат на Вилсон да работи за лажна компанија за да не биде во својот стан. Крадците тоа го користат и низ неговиот дом копаат тунел до банката. Руската полиција во овој случај не уапсила никого, додека во книгата, Шерлок Холмс ги пречекал крадците во сефот на банката.