Двајца вооружени мажи, преоблечени во муслиманки, упаднале во „Унион банка“ во Сараево од каде побегнале со 40.000 долари, соопшти полицијата. Пљачкашите на себе имале долги црни мантили со кои муслиманките се покриваат од глава до петици и набрзо после влегувањето в банка извадиле оружје кое го криеле под бурките, наведено е во соопштението на полицијата во Сараево.

Разбојниците ги натерале сите во банката да легнат на подот додека  тие ги збирале парите, пренесува Ројтерс. „Се` се случи во еден момент. Мислев дека се жени“ изјавил еден службеник во банката.

Последните години во Босна се повеќе се гледаат жени во бурки и фереџиња и мажи со долги бради, навела британската агенција.

С.К.