Изгледа дека овие денови луѓето едноставно не можат да направат ништо без мобилниот телефон во раката. Полицијата во сојузната американска држава Северна Вирџинија трага за една жена која ограбила банката додека зборувала на мобилен. Полициската екипа која ја води истрагата тврди дека истата жена минатата седмица посетила уште четири банки.
Во текот на грабежите секогаш разговарала на мобилен, а на благајничките им давала писмена порака во која пишувало дека носи оружје и барала парите да ги стават во хартиена кеса. Сведоците ја опишале како тивка и учтива, и секогаш со насмевка на лицето, која имала латино акцент во зборувањето.