Рајли Ален Мулинс е осомничен дека ограбил жена додека чекала траект во Брементон, Вашингтон, а само еден ден подоцна и испратил барање за пријателство на друштвената мрежа фејсбук. Несреќната жена чекала траект кога Мулнис ја удрил во главата, а потоа и ги зел торбата и ајподот. Не го видела лицето на крадецот, но забележала тетоважа на неговиот врат.
Следниот ден кога се логирала на својот фејсбук профил видела дека има покана за пријателство од човек кој неодоливо потсеќал на крадецот кој ја нападнал и ограбил. Кога видела дека има тетоважа иста како и тој, пријавила во полиција, а тие подоцна го утврдиле неговиот идентитет и подигнале обвинение за кражба.