Вооружен човек со маска на лицето во саботата вечер ограбил ресторан за брза храна во Атланта, САД. Бил разочаран од сумата пари која ја украл, па два пати се јавил во ресторанот за да се пожали.


Нагласил дека ќе се врати и дека им е подобро следниот пат да имаат повеќе пари во касата. Полицијата сеуште трага по разбојникот.