Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец.

  • Казненото дело го извршил во временскиот период од 22/23.06..2018 година во комплексот на поранешната факрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40 м.2 парапет-тавански алуминиумски профили, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со протившправна имотна корист во износ од 120.000 денари.

OhridNews