Полицијата во станот на еден локален политичар, кој бил ограбен во неделата навечер, открила клучеви и ЦД со податоци од работната биографија на осомничениот. Го контактирале користејќи го бројот на телефон што го пронашле во податоците, а крадецот дури и ги прашал полицајците дали се кај нив клучевите кои ги заборавил, јави Ројтерс. Набрзо бил уапсен.
Оптужен е за неколку кривични дела. Не е познато дали полицијата му ги вратила клучевите.