Еден човек од Тенеси бил обвинет за тешка кражба откако случајно го оставил својот паричник на скалите од куќата која ја ограбил. Портпаролот на локалната полиција изјавил дека не е вообичаено крадецот да ги остави своите документи на местото на злосторството. Не само што им оставил име и презиме, туку им оставил и своја фотографија.
Многу брзо по грабежот бил пронајден и уапсен. Од куќата украл два телевизори и предмети во вредност од околу 3000 долари. На полицијата и изјавил дека неговиот паричник бил подметнат. Полицијата сепак против него покренала обвинение.