Џејмс Снел на еден грабеж пристигнал со својот автомобил со регистарски таблички “J4MES”, кои го откриле неговиот идентитет. Го осудиле на десет години затвор бидејќи со уште тројца соучесници украл околу 100 илјади евра од обезбедувањето кое полнеле еден банкомат во Халифакс, Велика Британија.


Неговиот автомобил го забележал еден случаен минувач кој се восхитувал на истиот и на неговите регистарски таблички. Полицијата нашла еден дел од парите, а поголемиот дел, околу 70 илјади евра сеуште недостасуваат.