Полицијата во Аризона уапсила човек, кој ограбил банка во Јума, додека со пленот уживал во парче пица и пиво во ресторан во близина на банката. Хенри Елмер ја ограбил филијалата на банката Велс Фарго во саботата попладне.
Влегол во банката и со закана со нож однел непозната количина пари. По грабежот отишол во првиот ресторан и нарачал пиво и пица. Сметката ја платил со украдените пари. Од полицијата соопштиле дека го лоцирале Елмер уште пред да ја добие нарачката, но чекале погоден момент да го уапсат.